Нема притвор за Латас, Пешевски остана без пасош

Апелациониот суд го потврди решението на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 од Скопје, по жалбата од екс-вицепремиерот Владимир Пешевски за одземање на пасошот и наложување да се јавува една неделно во судот. Иста одлука Апелација донесе и за бизнисменот и водител Драган Павловиќ Латас. За него ја одби жалбата на СЈО за неопределување мерка притвор.

Во решението на Апелација за Пешевски пишува: „Првостепениот суд правилно оценил дека во оваа фаза на постапката, примената на мерката притвор не е оправдана и дека со примена на поблаги мерки, како што се определените мерки на претпазливост – обврска за јавување во судот и привремено одземање на патната исправа, успешно ќе се елиминира опасноста од бегство, со образложени причини кои овој суд ги прифаќа. Имено, имајќи ги предвид фактите и околности на кои укажува тужителот, како и околностите да обвинетиот е со познат идентитет и познато место на живеалиште, како и околностите во поглед на семејните и материјални прилики на обвинетиот, односно дека има воспоставено семејни и егзистенцијални релации со неговото место на живеење, има оформено свое потесно семејство, татко е на три деца. Кога се проценува дали постои реална опасност од бегство, судот мора да ги земе предвид сите околности на конкретниот случај. Овој суд меѓу другите, ја ценеше околноста дека обвинетиот поседува банкарски сметки, но истата не ја цени изолирана од другите околности, како погоре наведените. Оттука, жалбените наводи на тужителот истакнати во овој правец се неосновани“.

Апелација ја одби жалбата на СЈО за неопределување мерка притвор за Драган Павловиќ Латас. Во образложението пишува: „Овој суд ја прифати одлуката на првостепениот суд и не го прифати предлогот на тужителот истакнат со жалбата за определување на мерката притвор кон обвинетиот, со поткрепа од фактот што обвинетиот се појави пред второстепениот суд и непосредно го убеди дека со неговото досегашно однесување во постапката и дадените наводи од кои произлегува ветување за присуство во понатамошниот тек на истата, а имајќи ги во предвид фактите и околностите на случајот и изнесените од страна на странките, ќе се постигнат целите на определените мерки на претпазливост, како мерки за обезбедување присуство на обвинетиот и за непречено водење на кривичната постапка“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе