летни олимписки игри париз 2024

Нема секс за нив: Grindr блокиран во Олимпиското село

Апликацијата наменета за запознавање и поврзување на ЛГБТК+ лицата, повторно е блокирана во Олимпиското село.

Grindr беше блокиран во Олимпиското село во Париз, откако апликацијата за запознавање за ЛГБТИК+ луѓето исто така беше ограничена за време на претходните Игри за да ги спречи корисниците да ги пронајдат профилите на спортистите.

Функцијата explore во апликацијата за поврзување е ограничена, што значи дека луѓето нема да можат да најдат профили на локацијата што ќе биде домаќин на повеќе од 14.000 спортисти.

Објава на X (Twitter), покажа „нема достапни профили“, при што едно лице вели дека Grindr бил блокиран кога се обиделе да најдат други корисници во Олимпиското село.

Некои сугерираат дека ова е направено за да се спречат претходните случаи на аутирање на спортисти, како на Олимписките игри во Рио во 2016 година.

Организацискиот комитет на Париз 2024 изјави за MailOnline дека апликациите за запознавање се достапни во Олимпиското село, „но за некои издавачот на апликацијата ја деактивирал геолокацијата“.

Grindr го наметна истото ограничување за време на Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година, при што шефот за еднаквост на апликацијата Џек Харисон-Квинтан во тоа време рече: „Сакаме Grindr да биде простор каде што сите квир спортисти, без разлика од каде се, ќе се чувствуваат сигурни во меѓусебното поврзување додека се во Олимпиското село“.

реклама

Останати спортови

Олимпијката Баквиц: OnlyFans е најдоброто нешто што ми се случило

Read more

Ужас за сребрениот биатлонец: Од ски-патеката директно на операција на срце

Read more

Четврти пат по ред Норвешка освои најмногу медали на ЗОИ

Read more

Селје објави фотка откако лизгалка ѝ го исече лицето: Посилна сум отколку што мислев

Read more
 

Спорт

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Читај повеќе

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Читај повеќе

ЛШ продолжува вечерва, апсолутното дерби на осминафиналето е пред нас

Читај повеќе

Инфантино: Трамп ми рече дека Иран е добредојден на Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Срамен потег на Тудор: Му ја уништи кариерата на Кински?

Читај повеќе

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Читај повеќе

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Читај повеќе

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Читај повеќе