По дојава за подготовка на илегална трка, полицијата во Хонгконг организираше акција во која пресретна поголем дел од учесниците, а во која учествувале 45 автомобили, пренесе South China Morning Post.
Полицијата примила низа пријави од локалните станари кои во последните неколку недели се жалеле на „врева што потсетува на тркачки автомобили“. Трките најчесто се одвивале во доцните часови во текот на викендите.
Во текот на блокадата фатени се низа автомобили како Lamborghini, Porsche и Ferrari, но меѓу нив има и примероци на Nissan GT-R и Mercedes-AMG GT S. Локалните медиуми известуваат за заплена на некои од автомобилите поради сомнеж за илегални модификации.
За девет возила е издадена наредба за вонреден технички преглед.
Дивите трки во Хонгконг се сè повеќе популарни, па така минатата година е забележан раст од 40 проценти.