Немам што да облечам: Што треба да направите за да не го кажете ова никогаш повеќе?

Правилото на пирамида се состои од шест нивоа и според модните експерти, ако се придржувате до него, секогаш ќе имате среден плакар и гардероба врз која го градите стилот.

Со оваа распределба на облеката секогаш ќе знаете што и колку имате и ќе ви биде полесно да се спакувате за различни патувања.

Ниво 1: Основни парчиња (30%)

Основните парчиња се оние што се комбинираат со поголемиот дел од содржината во вашиот плакар, како на пример бела кошула, фармерки, црни панталони, обични маички во основни нијанси, без апликации. Овие парчиња треба да сочинуваат 30% од вашата гардероба.

Ниво 2: Кежуал парчиња (25%)

Тука спаѓаат парчиња што ги носите често, во прилики кога не се дотерувате посебно и не спаѓаат во вашата деловна гардероба. Согласно вашиот стил, во овие 25% вбројте ги панталоните, здолништата, фустаните и горните парчиња во кои се чувствувате најудобно.

Ниво 3: Деловна облека (20%)

Без разлика дали на вашето работно место се бара строг деловен дрескод или не, облеката за на работа треба да биде пристојна, не премногу впечатлива и педантна. Овие парчиња треба да заземаат 20% од гардеробата, а тука ставете ги и елегантните парчиња што би ги носеле на деловна вечера или коктел, но не и на забава.

Ниво 4: Сезонски парчиња (15%)

Тука спаѓаат парчиња што се носат исклучиво во едно годишно време, како капути или костими за капење.

Ниво 5: Облека за вечерно излегување (7%)

Ќе повториме, облеката за специјални вечерни пригоди треба да се разликува од деловниот елегантен изглед и од дневната облека. Деколтираните фустани и горни парчиња, мини здолништата и свилените кошули чувајте ги во овие 7%.

Ниво 6: Модни додатоци и накит (3%)

Од обетки до ремени, марами, шешири и чанти... во последните 3% складирајте ги деталите што го прават вашиот стил единствен.

П.С. Спортската облека за вежбање не се вбројува во ниедна група. Исто така и обувките, зашто не би сакале да се ограничуваме кога станува збор за чевли, нели?

реклама

Што го возбудува вистинскиот Македонец?

Read more

Предизвик од 52 недели: Како да заштедите 1.400 евра за една година?

Read more

Поза мачка - идеална за долг секс и двоен оргазам

Read more

Рама: Никој не може да ѝ држи лекции на Албанија

Read more

Стил

Немам што да облечам: Што треба да направите за да не го кажете ова никогаш повеќе?

Read more

Кој привлече најмногу внимание на овогодинешната Мет Гала?

Read more

Им фалеше црвениот тепих: Парада на полуголи ѕвезди на MTV музичките награди

Read more

Чизми кои се вистински тренд за оваа есен

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Најдобрите чаеви за слабеење и забрзување на метаболизмот

Читај повеќе
  • filter

Се продава 8 века стар швајцарски дворец

Читај повеќе
  • play_arrow

Што ако би се телепортирале 200 години во минатото?

Читај повеќе

Што ќе се случи во вашето тело ако 7 дена не јадете слатка храна?

Читај повеќе

Што значи кога сонувате дека паѓате?

Читај повеќе

Што го возбудува вистинскиот Македонец?

Читај повеќе

Десет грешки поради кои не ви се погодува ајварот

Читај повеќе

Полна месечина во Риби - како ќе влијае на вашиот знак?

Читај повеќе

Вкусно и едноставно: Колач со јаболка

Читај повеќе