Немојте да го разочарате народот – Мицкоски за заменик-министрите вели дека се нови лица во политиката кои можат да донесат свежи идеи и енергија

Наследивме опљачкана држава, но ќе победиме и ќе донесеме подобри денови за граѓаните, истакна премиерот Христијан Мицкоски, еден месец по формирањето на новата Влада.

По повод собраниската седницата за предлог заменик-министрите во владиниот состав, првиот човек на Владата изрази уверување дека овие заменици ќе ја оправдаат довербата која ја добиваат и ќе работат неуморно за доброто на сите граѓани. Мицкоски ги повика пратениците да го поддржат нивниот избор и со тоа да дадат шанса за подобра и поуспешна иднина.

„Јас сум човек кој дава шанса и сметам дека треба шанса да добијат овие луѓе, кои денес ги предлагам и кои треба да работат напорно во исполнување на целите. Со изборот на овие заменици на министрите, нашата цел е да ја зацврстиме стабилноста на Владата и да обезбедиме ефикасна и компетентна извршна власт. Новиот тим ќе донесе свежи идеи и енергија во Владата. Тие ќе работат заедно со министрите за да ги реализираат реформите кои ќе придонесат за подобрување на животниот стандард на сите граѓани“, рече Мицкоски.

Како што додаде, новиот состав на Владата, ќе продолжи со поддршка на економскиот раст и развој, а еден од приоритетите ќе биде и подобрување на меѓународната соработка. Новите заменици на министри, вели Мицкоски, ќе работат активно на јакнењето на нашите односи со партнерите и пријателите во странство. Тие ќе имаат задача да поттикнуваат иновации и да креираат можности за младите. Нивната работа ќе биде насочена кон создавање на поволни услови за развој на нови технологии и стартапи.

„Верувам дека новите лица во политиката можат да донесат свежи идеи и енергија. Многу од замениците на министрите се млади и амбициозни луѓе кои ќе внесат нова динамика во работата на Владата“, рече Мицкоски.

На заменик-министрите им порача: „Немојте да го разочарате народот. Работете чесно, посветено и одговорно. Ќе ме имате мене за ваша поддршка. Но, исто така знајте дека секое отстапување од овие принципи ќе значи и одговорност. Нема да толерирам неработа и непринципиелност“.

Во своето обраќање, првиот човек на Владата рече и дека во овие четири недели констатирале дека се трошеле милиони евра во железница која завршува во тунел кој нема излез, половина милијарда евра пари на македонските даночни обврзници, во измислени други тунели и подземни премини. Давани се незаконски лиценци за игра на среќа, претпријатија свесно и намерно се оставани без исплата на плати. Буџетите се безмилосно трошени и државата крвнички и душмански се крадела.

Рече и дека тој не побарал меден месец, ниту 100 дена грејс период каков што имала секоја влада, затоа што верувал во капацитетите и она што може да биде направено за народот. Потсети дека досега во првиот месец од нивното владеење се случиле три големи инвестиции – инвестиција вредна 450 милиони евра во ветерен парк во Штип, Карбинци и Радовиш, новата инвестиција на американски Wabtec од 35 милиони евра, како и германско-белгиска инвестиција од 20 милиони евра во Петровец. Мицкоски рече и дека е донесена одлука за специјалната финансиска соработка со Унгарија и каматна стапка која е двојно помала од онаа којашто во моментов е пазарната, или двојно помала и повеќе од онаа со која претходната Влада ги задолжила граѓаните.

реклама

Како да направите домашно „ДУБАИ“ чоколадо?

Read more

Gladiator 2 е најпрофитабилниот филм во кариерата на Дензел Вашингтон

Read more

Навивачите во Бундеслига: Клоп е „гробар на германскиот фудбал“

Read more

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Македонија

Инспекторите влегоа во кујните на приватните детски градинки, утврдени се прекршоци

Read more

8 Декември – Ден на Свети Климент Охридски

Read more

Врнежливо време со максимална температура до 13°C

Read more

Новогодишната потрошувачка кошничка опфаќа над 700 производи

Read more
 

Вести

Инспекторите влегоа во кујните на приватните детски градинки, утврдени се прекршоци

Читај повеќе

Кои се исламистичките бунтовници кои го соборија Асад?

Читај повеќе

8 Декември – Ден на Свети Климент Охридски

Читај повеќе

Вашингтон испраќа нов пакет помош за Украина од 988 милиони долари

Читај повеќе

Трамп вели дека Асад ја изгубил руската поддршка

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Официјално отворенa Нотр Дам – дојдоа Трамп, Зеленски, Маск, Мелони...

Читај повеќе

Врнежливо време со максимална температура до 13°C

Читај повеќе

Новогодишната потрошувачка кошничка опфаќа над 700 производи

Читај повеќе
  • play_arrow

Падна Дамаск, Асад побегнал од Сирија со авион

Читај повеќе