Необичен симптом под пазувите може да биде ран знак за дијабетес

Месецот ноември е препознатлив и по одбележување на Светскиот ден на дијабетесот, кој е токму на 14-ти. Во Македонија има околу 120.000 луѓе со дијабетес.

Дијабетесот е болест која се карактеризира со зголемена концентрација на шеќер во крвта и недостаток на инсулин, хормон кој овозможува користење на шеќер внесен во организмот, кој го одржува нивото на шеќер во крвта на оптимално ниво.

Дијабетесот, или шеќерната болест, се нарекува и глобална епидемија бидејќи бројот на болни луѓе во светот расте до нивоа што пред само неколку децении беа незамисливи. Постојат неколку причини за оваа појава, од кои најзначајна е промената на животниот стил која се карактеризира со поголем внес на висококалорична храна и намалена физичка активност.

Постојат многу различни знаци кои може да укажуваат на тоа дека личноста има дијабетес, но еден симптом многу луѓе не го поврзуваат со оваа хронична болест, предупредуваат лекарите. Како што откриваат, станува збор за темни пазуви.

Имено, темните дамки под пазувите, но и на задниот дел од вратот или препоните можат да значат дека има премногу инсулин во крвта. Ова често е знак за преддијабетес, а медицинското име за оваа кожна состојба е Acanthosis nigricans.

Покрај овој необичен симптом, кој често е еден од најраните, други знаци кои предупредуваат на дијабетес вклучуваат зголемена жед, често мокрење, замор, заматен вид, бавно зараснување на раните, намалено чувство и трнење во рацете и нозете.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Read more

Зошто треба да јадете кисела зелка цела зима?

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Откриено дека црната дупка во центарот на Млечниот Пат ги искривува времето и просторот

Read more

Здравје

Три најчести митови за СИДА и ХИВ

Read more

Секојдневни навики со кои го оштетувате имунитетот

Read more

Најдобриот антиинфламаторен пијалак за подобрување на имунитетот

Read more

dm и д-р Ивица Стојаноски низ разговор откриваат: Колку и зошто се важни уролошките прегледи?

Read more
 

Магазин

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Читај повеќе

Три најчести митови за СИДА и ХИВ

Читај повеќе

Секојдневни навики со кои го оштетувате имунитетот

Читај повеќе
  • play_arrow

70-годишна жена од Уганда роди близнаци

Читај повеќе

Најдобри зеленчуци за слабеење кои може да се комбинираат со многу јадења

Читај повеќе

Финансиски хороскоп за 2024: Кој знак ќе плива во пари, а кој ќе има празни џебови?

Читај повеќе

Најдобриот антиинфламаторен пијалак за подобрување на имунитетот

Читај повеќе
  • play_arrow

Со едноставен трик лебот ќе остане свеж многу подолго

Читај повеќе
  • play_arrow

Десерт на денот: Торта со макарони

Читај повеќе