Во Шпанија се гради, според многумина - спектакуларна архитектонска креација, луксузна вила која би требало да биде завршена до 2024 година.

Најновиот архитектонски концепт - трикатната куќа на Fran Silvestre Arquitectos, е дизајнирана како „континуирано цик-цак движење“, кое, покрај разните внатрешни простории, нуди и шеталиште од каде што може да се истражува пејзажот одоколу. Зданието чини околу 4,6 милиони евра.
Надворешниот изглед е уреден со намера целосно да се искористи градежниот потенцијал на парцелата. Преку долгата дијагонала, се чини како деловите да се поврзуваат на краевите, но внатрешноста е испреплетена и во „постојана поврзаност“. Горниот кат води до голем балкон, чии граници се протегаат нанадвор во двете насоки, кон базенот, а кон внатрешноста на платформата до горното ниво.

Преку конфигурацијата на три континуирани простори, структурата го поттикнува окото да го следи обликот, речиси „разиграна“ фигура која веднаш го презема и потврдува препознатливиот идентитет на куќата.