Необична појава: Дожд од риби во Мексико
Слаб дожд, кој паѓал во Мексико, со себе донел уште една необична појава. Од облаците, покрај капки дожд, паѓале и риби.
Оваа необична појава се случила во градот Тампико, а функционерите за Цивилна заштита во таа држава на Facebook ја потврдиле веста со тврдења дека тоа бил слаб дожд, а рибите буквално паѓале од небо.
Според научниците за овој феномен одговорно е слабо торнадо, кое ги крева рибите во воздух, а потоа со опаѓањето на неговиот интензитет, рибите паѓаат на површина.