Необични факти за Нов Зеланд – Земјата на долгиот бел облак

На југозападниот дел од Тихиот океан се наоѓа Нов Зеланд, земја преполна со природни убавини и воодушевувачки пејсажи. Маорите ја нарекуваат оваа земја „Аотеароа“, што на нивниот јазик значи „Земја на долгиот бел облак“.

Нов Зеланд се протега низ површина од 268.021 квадратни метри и е најизолираната земја во светот. Оваа површина е дом на карактеристичен диверзитет на флора и фауна, а најзначајни се големиот број уникатни птици.

Во продолжение, десет интересни факти за Нов Зеланд:

  • Нов Зеланд во минатото административно беше дел од Австралија.
  • Киви на Нов Зеланд не е овошје, туку птица која живее исклучиво на ова подрачје, а е позната по тоа што не може да лета.
  • Европејците го открија Нов Зеланд во 1642 година. Поточно, тоа го направи холандскиот морепловец Абел Тасман. Откако Маорите убија неколку членови на неговиот екипаж, тој ја напушти оваа земја.
  • Кралицата Елизабета II официјално е и кралица на Нов Зеланд.
  • Нов Зеланд е првата земја во светот каде истовремено три жени имаа клучна позиција во политиката. Премиерката Хелен Кларк, гувернерката Силвија Картрајт и државната судијка Сијан Елијас.
  • Нов Зеланд е една од трите земји во светот кои имаат две химни. Едната е „God Save the Queen“ (химната на Велика Британија), а другата е „God Defend New Zealand“.
  • Една од најголемите птици кои некогаш живееле на светот беше моа, која живееше во Нов Зеланд. Нејзината тежина била околу 300 килограми, а последната од нив умре пред 1.500 години.

  • Кога Европејците го открија Нов Зеланд, целата негова територија била населена со домородскиот народ Маори.
  • Медиумите во Нов Зеланд се помеѓу најслободните во светот, а геј браковите, проституцијата и борделите се легални.
  • Првиот човек кој го освои Монт Еверест беше Новозеланѓанецот Едмунд Хилари. Неговото лице се наоѓа на банкнотата од пет новозеландски долари.
реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Живот

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Read more

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Read more
 

Магазин

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Читај повеќе

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Читај повеќе

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе

Taste Atlas објави листа на најдобрите сирења во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Читај повеќе