Необјавен дел од интервјуто со Опра открива многу за Меган Маркл

Интервјуто на Меган Маркл и принцот Хари со американската водителка Опра Винфри привлече големо внимание од светската јавност, а реакциите не стивнуваа ниту во деновите по емитувањето.

Во меѓувреме, се појавија неемитувани извадоци од интервјуто, а голем број луѓе на Twitter тврдат дека овие делови биле намерно исфрлени за да се прикажат Меган и Хари во погрешно светло.

На прашањето дали членовите на кралското семејство треба да бидат подготвени да ја изгубат приватноста, Меган одговори: „Мислам дека секој има основно право на приватност. Основно. Не зборуваме за нешто што никој друг не би го очекувал“, рече таа.

„Ако имате фотографија од вашето дете на работното биро и некој од колегите ви рече: ‘Многу ти е симпатично детето. Може ли да ти го земам телефонот за да ги видам сите слики на твоето дете?', oдговорот е НЕ. Ова е фотографијата што сметам дека е во ред да ја споделам“, рече Меган, објаснувајќи дека ако споделите една фотографија од детето на социјалните мрежи, тоа не значи дека некој има право да го фотографира детето без дозвола.

„Нема никој на Instagram или социјалните медиуми да каже: ‘Бидејќи ја споделив оваа фотографија, тоа ти дава за право да ги добиеш сите фотографии снимени со мојата камера. Слободно разгледај ги’. Никој не би го сакал тоа. Значи, станува збор за граници ”, заклучи војвотката од Сасекс во одговорот што не беше емитуван.

URL

Снимка од тој одговор беше објавена на Twitterи собра над 42.000 лајкови.

„Многу сум разочаран што ITV објави уредувана верзија на интервјуто. Овој клип ја прави Меган да изгледа нормално, затоа што е! Ова е смешно. ITV емитуваше уредена снимка што не им беше во прилог на Меган и Хари“, напиша корисникот кој ја сподели снимката.

ITV ја емитуваше истата верзија на интервјуто како CBS, а со оглед на тоа дека целото интервју траеше повеќе од три часа, имаше делови што требаше да се исечат.

„Во текот на уредувањето на овие три часа и 20 минути до еден час и 25 минути, му реков на мојот тим: ‘Најважното прашање на кое треба да се одговори и за што ќе биде оваа емисија е - зошто си заминаа“, објасни Опра за CBS.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Како Кина ја добива трговската војна?

Read more

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Read more

Живот

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Read more

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

Read more

Колку пати може повторно да се употребува маслото за пржење?

Read more

Вечерна рутина во три чекори што ја обновува кожата додека спиете

Read more
 

Магазин

Четири знаци дека на вашето тело му недостига витамин Ц

Читај повеќе

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Читај повеќе

Дали е безбедно да се вежба за време на настинка?

Читај повеќе

Три секојдневни навики при туширање кои ја уништуваат кожата

Читај повеќе

Намирници кои природно го намалуваат воспалението во телото

Читај повеќе

Рецепт за сарма стар 70 години го подели Балканот

Читај повеќе

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Читај повеќе

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

Читај повеќе

Сеир на денот: Груевски и Заев се караат преку статуси на Facebook

Читај повеќе