Неочекуван потег: Ред Бул го смени Гасли со дебитант

Ф1
/ 12.08.2019 / 17:04

Тимот на Ред Бул Рејсинг реши да го замени Пјер Гасли со Александар Албон. Двајцата пилоти ги разменуваат местата, откако Албон е нов соиграч на Макс Ферстапен, а Гасли е испратен назад во Торо Росо.

Албон ја вози својата деби сезона во Формула 1 и досега има запишано 16 поени од 12 трки. Од Ред Бул додадоа дека тој ќе вози до Ферстапен од следната трка во Белгија, а по крајот на сезоната ќе се знае дали ќе остане и за 2020 година.

Пјер Гасли дојде во Ред Бул на почетокот на сезоната на местото на Даниел Рикардо, но не успеа да се доближи до резултатите на неговиот тимски колега Макс Ферстапен. Французинот е на шестото место во пласманот со 63 поени, а негово најдобро достигнување е четвртото место на британското Гран При.

Пред само неколку дена, шефот на „биковите“, Кристијан Хорнер изјави дека Гасли нема да биде заменет, но го предупреди дека треба да ги подобри неговите перформанси.

– Мислам дека треба да се одмори добро за време на летната пауза и да ги научи лекциите што му се потребни за вториот дел од сезоната. Ова е клучно за нас ако сакаме да имаме шанси да ги стигнеме Ферари до крајот на годината. Имаме намера да го оставиме до крајот на годината, но сакаме да извлече повеќе од потенцијалот на автомобилот, рече Хорнер по унгарското Гран при.

реклама

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе