Неочекуван пресврт на Олд Трафорд: Тен Хаг останува менаџер на Јунајтед

Синоќа најверодостојните британски медиуми ја објавија неочекуваната вест дека Ерик тен Хаг сепак ќе остане менаџер на Манчестер Јунајтед и во следната сезона.

Сите веќе го видоа холандскиот стручњак како ја напушта клупата на „Црвените ѓаволи“ поради лошите резултати во изминатава сезона, која беше спасена за Јунајтед со освојувањето на ФА купот и победата над Манчестер Сити во финалето на ова натпреварување.

И пред тоа сите најавуваа заминување на Тен Хаг од „Олд Трафорд“, но на вчерашната средба 54-годишниот стручњак се договорил со клупските челници за продолжување на соработката.

Постојниот договор на Тен Хаг со Јунајтед трае до следниот јуни, со опција за продолжување на 12 месеци, а преговорите за тоа ќе започнат сега.

Претходно беше објавено дека Јунајтед активно бара нов менаџер со Томас Тухел, Маурисио Почетино, Томас Франк и Киран МекКена во разговори, но сега се чини дека нема да има промени во тренерската работа како косопственикот на клубот, Џим Ретклиф, и спортскиот директор на INEOS, Дејв Брејлсфорд, одлучиле да се продолжи со Тен Хаг.

Веста за останувањето на Тен Хаг ја потврди и Фабрицио Романо.

Што се однесува до резимето на изминатата сезона за Јунајтед, овој клуб заврши само на 8. место во Премиер лигата, а колапс се случи и во Лигата на шампионите, каде „Ѓаволите“ беа последни во групата зад Баерн, Копенхаген и Галатасарај.

Во Лига купот, тимот беше елиминиран во осминафиналето од Њукасл, додека „Ѓаволите“ го освоија ФА купот победувајќи го лутиот градски ривал Манчестер Сити во големото финале.

реклама

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Read more

Фудбал

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Read more

Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната

Read more

Шокантна пријава до ФИФА: Сакаат да убијат 3 милиони кучиња пред Мундијалот

Read more

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Read more
 

Спорт

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Читај повеќе

Работнички: До кога Перо Антиќ ќе ја силува македонската кошарка?

Читај повеќе

Почнуваат зимските пријателски: Календар на натпревари на македонските клубови

Читај повеќе

Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната

Читај повеќе

Шокантна пријава до ФИФА: Сакаат да убијат 3 милиони кучиња пред Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Оклахома го патосираше Кливленд, разликата беше и 42 поена

Читај повеќе

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Читај повеќе

Фоден: Не сме глупави, знаеме дека немаме шанси да ја одбраниме титулата

Читај повеќе

НХЛ подготвува два големи спектакли на отворено во Флорида

Читај повеќе