Еден од најдобрите дефанзивци кои фудбалот ги видел, Серхио Рамос (38) сѐ уште не може да најде клуб и е слободен и покрај преговорите со бројни клубови.
Договорот на Рамос со Севиља истече летово и оттогаш е слободен на фудбалскиот пазар. Иако преодниот рок помина, тој може да потпише за кој било клуб бидејќи не е под договор со никој друг.
И покрај тоа што е во доцните фудбалски години, никој не можеше да очекува дека Рамос нема да најде клуб со кој ќе се збогува, макар тоа била и Саудиска Арабија која донесе неколку ветерани и светски познати играчи за да ја популаризира лигата.
На славниот шпански дефанзивец, кој освои сѐ што можеше да се освои, му пропадна договорот со бразилски Ботафогу. Бразилските медиуми синоќа објавија дека Рамос преку својот менаџер се понудил на бројни клубови од оваа јужноамериканска земја, но дека сите одбиле.
Менаџерите разговарале со клубови од Катар, Саудиска Арабија и американската МЛС, но со никого не успеале да најдат заеднички јазик.
Како што пренесува бразилскиот UOL Esporte, Ботафогу, Коринчјанс, Фламенгу и Васку џи Гама биле клубовите на кои бил понуден Рамос, но сите во старт ја одбиле понудата на менаџерот и самиот Рамос поради финансиските барања кои биле ставени на хартија.
🇧🇷 Según la prensa brasileña, su hermano y representante René le ha ofrecido a hasta cuatro equipos del país sudamericano
— Diario AS (@diarioas) September 12, 2024
🆓 Ahora mismo está libre... ¿en qué equipo crees que acabará? ¿Dónde te gustaría verle? pic.twitter.com/wbpndy4zLX
Наводно, по бројните одбивања, Рамос во иднина ќе биде подготвен да прифати секаква понуда за достојно да ја заврши својата богата кариера, па не би чудело доколку го видиме на сосема неочекувана дестинација во наредните недели.
Рамос во својата кариера успеа да ги освои сите значајни фудбалски трофеи, вклучително Светско првенство, 2 Европски првенства, 4 Лига на шампиони, 4 Светски клупски првенства, 5 титули во Ла Лига...