Неодолива чоколадна торта со портокали

Префинета торта со арома на ореви и портокал и богата со чоколадна крема.

Потребно е:

за бисквитното тесто:
4 јајца
1 чаша (од 200 мл) кафеав шеќер
1/2 чаша интегрално брашно
200 гр мелени ореви
1/2 чаша какао во прав
1 портокал
1 кисела павлака (180 гр)
1 прашок за пециво
2 јаболка

за  кремот:
200 мл слатка павлака
200 гр чоколадо за готвење

Подготовка:

– Со миксер пенесто изматете ги јајцата и кафеавиот шеќер.

– Постепено со постојано матење дададете ги интегралното брашно, мелените ореви, какаото, свежо изренданата кора од портокал, киселата павлака и прашокот за пециво.

– Кога убаво ќе ја изматите смесата, додадете ги изренданите јаболка и портокалот исечен на парчиња и измешајте со шпатула или дрвена лажица.

– Готовата смеса сипете ја во намастен калап за торти чие дно претходно сте го обложиле со хартија за печење.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 40-тина минути.

– За тоа време направете го чоколадниот крем. Во сад на рингла загрејте ја слатката павлака, но внимавајте не смее да почне да врие. Додадете го искршеното чоколадо и измешајте да добиете глатка чоколадна крема.

– Изладеното тесто прелијте го со чоколадниот крем.

– Тортата ставете ја во фрижидер и оставете убаво да се излади.

реклама

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе