Свет

Неонацисти го слават роденденот на Хитлер во Германија, еден уапсен

21. април 2018 - 16:38 | М.Д.

Неколку стотици неонацисти се собраа во германскиот град Остриц, на крајниот исток од таа земја, за да го одбележат роденденот на Адолф Хитлер, пренесуваат тамошните медиуми.

Според тамошните медиуми, бил уапсен 31 годишен маж кој го имитирал поздравот на Хитлер, што во Германија е забрането со закон.

Полицијата моментално е на терен и ги прегледува сите лица кои се наоѓаат во близина на таа манифестација.

Германските власти, сепак, и покрај напорите, не успеале да го спречат одржувањето на оваа манифестација, бидејќи се одржува на приватен имот, но успеаја да забранат продажба на алкохол, како и консумирање на самата манифестација.

Дводневната манифестација наречена е „Штит и меч“, а присутните имаат и ултрадесничарска роба во вид на маици, тенкови играчки, постери и така натаму.

Жителите на Остриц, од друга страна, организираа фестивал на мир на главниот пазар, а тамошните медиуми пренесуваат дека на тој настан се појавиле повеќе од 1.000 луѓе во петокот.

За денеска е закажана велосипедска трка, како протест против дводневната манифестација посветена на роденденот на Адолф  Хитлер.

Коментирај