Неподносливата леснотија на танцот на Кристофер Вокен
Во тешки денови, кога си мислите дека ништо не ви оди од рака, ретко што може да ви помогне колку некое видео со танцувањето на Кристофер Вокен. Тој ги покажа неверојатните потези уште во спотот за „Weapon of Choice“ на Фетбој Слим, но танцуваше во уште педесетина филмови и донесе насмевка на многу лица.
Бидејќи кариерата ја започна како сериозен актер во „Annie Hall“ и „The Deer Hunter“, на многумина им беше чудно кога Кристофер Вокен заигра во филмот „Pennies from Heaven“. И оттаму започна сѐ. За наша, па и ваша среќа, некој генијалец од Huffington Post Entertainment реши да направи компилација со неговите танцови сцени и ги стави во едно видео кое можете да го погледнете тука и сега.