Непознат сторител ограбил починат пациент во ковид-центар

Непознат сторител одзел паричник од хоспитализиран 72-годишен пациент, кој починал во ковид-центарот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Случајот во полиција го пријавил вчера неговиот син, информираат од МВР.

Во ковид-центарот во рамки на Комплекс клиники „Мајка Тереза“, вчера во полиција бил пријавен и друг случај, каде пациент со остар предмет се заканувал на вработена.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.

Првиот случај бил пријавен вчера во 9:30 часот во Полициска станица Центар.

– Г. К. (48) од Скопје пријавил дека во периодот од 21 до 29.11.2020, во ковид-центарот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде бил хоспитализиран неговиот татко Д. К. (72), кој починал во центарот, од страна на непознат сторител одземен му е паричник во кој имало  пари, лични документи и предмети, се вели во соопштението до МВР.

Вториот случај бил пријавен вчера околу 23:50 часот, исто така, во Полициска станица Центар.

– На 30.11.2020 околу 23:50 часот во Полициска станица Центар е пријавено дека во во ковид-центарот во рамки на Комплекс клиники „Мајка Тереза“, околу 22:30 часот пациент со употреба на остар предмет упатил закани кон вработената А.М.(31) од Скопје, информираат од МВР.

Од МВР преземаат мерки за расчистување на случајот. 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Хроника

Малолетник избоден на Бит-пазар, напаѓачите му барале пари

Read more

Кумановец уапсен за дрога истепал полицаец и оштетил инвентар во станицата

Read more

Скопјанец ја нападнал сопругата на нејзиното работно место и ѝ го одзел прометот

Read more

Пожар во Тетовско во објект со инкубатори, угинале 4.000 пилиња

Read more
 

Вести

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе