Вселенскиот телескоп James Webb сними и испрати спектакуларни фотографии од Нептун, најдетални досега. Од фотографиите се гледаат и прстените и „патеките“ од прашина кои ја опкружуваат ледената планета.

Инфрацрвените инструменти на опсерваторијата ги истакнуваат одликите коишто не се видени толку детално откако сондата Voyager 2 прелета покрај планетата во 1989 година.
Надвор од самата планета се гледаат и седум од четиринаесетте месечини, од кои најзначајна е Тритон.
Научниците се заинтригирани и од различните структури на облаците, кои треба да откријат нешто ново во науката и за атмосферата на Нептун.
