„Нептун” Македонија ја започна својата хумана мисија - Ајде заедно да креираме подобро утре за сите деца!

/ 14.06.2021 / 13:58

По воспоставената соработка помеѓу „Нептун” Македонија и СОС Детско село, тимот на Нептун заедно со децата и младите од СОС Детско село навиваа за нашата држава на Европското првенство и со сето срце ја бодреа нашата репрезентација.

Во кругот на локацијата на СОС Детско село вработените, заедно со децата, младинците и нивните згрижувачи и ментори го гледаа првиот историски натпревар на Македонската репрезентација против Австрија на Европско првенство.

Од страна на „НЕПТУН” Македонија како иницијатор на овој настан беа обезбедени сите аудио и визуелни услови за гледање на овој меч во надворешни услови во пријатна атмосфера со обезбедени реквизити за навивање. Сите заедно се погриживме да бидат следени и испочитувани сите мерки и протоколи за безбедност. Домашната атмосфера успеавме да ја пренесеме во амбиентот на СОС Детско село и пративме огромна доза на позитивна енергија за нашите репрезентативци.

Нептун како компанија постојано се вклучува во процесот за општествена одговорност и тоа останува една од нашите примарни одговорности и основа на која ги надградуваме сите останати активности преку кои се обидуваме да го подобриме квалитетот на животот во средината во која работиме. Сите ние и како индивидуи и како компании треба да ја покажеме солидарноста и емпатијата кон најранливите – децата. Активностите во рамките на оваа соработка продолжуваат, да бидеме промената која сакаме да ја видиме во светот!

 

Ново

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе