Фудбал
СЕРИЈА А 2019/20

„Нераѕурите“ почнаа и кинески да зборуваат

23. јануари 2020 - 19:12 | Ф.З.

Интер на секој начин пробува да се вклучи во прославата на Кинеската Нова година, па сега петорица фудбалери плус тренерот Конте снимаа пораки на кинески.

Милан Шкринијар, Лаутаро Мартинес, Алексис Санчес, Стефан де Врај, Ромелу Лукаку и тренерот Антонио Конте се дел од видеото кое се емитува по каналите во Кина и на кое овие „Нераѕури“ пробуваат да зборуваат мандарински.

Интер в недела против Каљари на „Меаца“ ќе направи и шоу со змејови пред почетокот на натпреварот во чест на Кинеската Нова година. Тимот има илјадници навивачи во Кина.

Коментирај