Бројот на загинати од тајфунот Јаги во Виетнам се искачи на 226, а уште 104 лица се водат како исчезнати, соопшти владината агенција за управување со катастрофи.
Невремето, кое е најсилното што ја погодило оваа земја во Југоисточна Азија во последните децении, стигна на копно во саботата со ветрови до 148 километри на час, предизвикувајќи поројни поплави и лизгање на земјиштето.
Официјални лица изјавија дека северната провинција Лао Каи претрпела најголеми жртви, со 98 мртви и 81 исчезнат.
The moment a person was saved from being swept away by floodwaters during a major flood in Vietnam 🇻🇳 #yagi #flood
— #كابتن_غازي_عبداللطيف (@CaptainGhazi) September 10, 2024
pic.twitter.com/6I0WBQ3J2D
Претходно, виетнамскиот весник VNExpress објави дека повеќе од 800 луѓе се повредени.
Бројот на жртвите го достигна врвот на почетокот на оваа недела кога поплавата го однесе целото село Лан Ну во Лао Каи во вторникот.
🚨🇻🇳VIETNAM: TYPHOON YAGI KILLS 4, INJURES 78 AFTER MAKING LANDFALL
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) September 7, 2024
Typhoon Yagi, one of the most powerful storms in a decade, struck northern Vietnam on Saturday, killing at least 4 people and injuring 78 others.
The typhoon brought winds of up to 149 km/h (92 mph) as it hit… pic.twitter.com/BKMqjS0STI
Стотици спасувачи тргнаа во потрага по преживеани, но 53 селани исчезнаа во четвртокот наутро, објави VNExpress.
Поплавите во главниот град Ханој, наводно, биле најтешките во последните две децении и доведоа до масовна евакуација.
In Bãi Cháy, Ha Long, Vietnam, the Sun World old town/amusement park has been completely devastated by typhoon Yagi. pic.twitter.com/UgbSfip6mf
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 7, 2024
Вишокот вода од Црвената Река малку се повлекол, но многу области сѐ уште се поплавени.
Беа видени луѓе како минуваат низ матна кафена вода до колена за да се упатат по една улица, некои сè уште носат кациги за велосипеди и мотоцикли откако по пат ги оставија своите возила.
Јаги ослабе во неделата, но врнежите продолжија, а реките останаа опасно високи.
Super taifunul Yagi ( cel mai puternic din ultimii 30 de ani) a lovit serios Vitenamul, în special în zona Hanoi. De remarcat implicarea mașinilor în protejarea motociletelor aflate în trafic. pic.twitter.com/KKUw2KkEdv
— Emanuel Ciocu (@ECiocu) September 8, 2024
Поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикаа најголем дел од смртните случаи, многу од нив во Лао Каи, кој граничи со Кина и е дом на популарната дестинација за планинарење - Сапа.
Во понеделникот, челичен мост се урна во провинцијата Пу То над надојдената Црвена Река, па 10 автомобили и камиони заедно со два мотоцикла паднаа во водата.
Автобус со 20 луѓе исто така беше зафатен во надојдениот поток од лизгање на земјиштето во планинската провинција Као Бан.
Во меѓувреме, во Тајланд најмалку две лица загинаа, а стотици останаа заглавени по обилните дождови кои зафатија две северни провинции, се излеаја реки, поплавија села и предизвикаа лизгање на земјиштето, соопштија властите во средата.
Експертите велат дека бурите како тајфунот Јаги стануваат сѐ посилни поради климатските промени, бидејќи потоплите води на океаните обезбедуваат повеќе енергија за нивно напојување, што доведува до посилни ветрови и пообилни врнежи.