Во Париз денеска се одржуваат протести против претседателските кандидати кои минаа во вториот круг на изборите во Франција.
На улиците излегоа неколку илјадници незадоволни граѓани кои фрлаат димни бомби, шишиња и камења, извикувајќи „Ниту Макрон, ниту Ле Пен“. Неколку објекти се ишарани со пароли, од типот „Ниту банкарот (Макрон), ниту расистот (Ле Пен).
Двајцата кандидати повторно ќе се соочат на избори на 7 мај.