RED BULL CRASHED ICE 2017

Неш потврди дека е најдобар со триумф на првата трка во Марсеј

Светското првенство во екстремен спуст на лизгалки (Ice Cross Downhill) покажа дека може да опстои со најтоплата трка досега, која се одржа во приморскиот град Марсеј во Јужна Европа. Камерон Неш триумфираше во првата трка од сезоната пред бројната француска публика, со што ја започна својата кампања да стане прв лизгач кој освоил две титули по ред.


Американецот Камерон Неш победи на првата трка од светското првенство во екстремен спуст на лизгалки наречено Red Bull Crashed Ice, која се одржа на брегот од Средоземното Море, по безгрешното спуштање низ патеката од вештачки мраз до старото пристаниште на Марсеј. Ова е седма победа во кариерата на Неш, кој е актуелен шампион и се надева дека ќе стане првиот спортист кој освоил две титули по ред во ова натпреварување.
 
Во најбрзиот светски спорт на лизгалки, бестрашните лизгачи се вивнаа низ трката полна со препреки, по четворица во еден круг, со брзини до 80 километри на час. Првите двајца продолжуваа во втората рунда, па од 64, бројот на учесници во финалето се намали на само четворица.
 
Во едно од највозбудливите финалиња со дури тројца поединечни шампиони кои си конкурираа на 340-метарската патека, Американецот Максвел Дан заврши на второто место, Канаѓанецот Скот Кроксал беше трет, а Австриецот Марко Далаго заврши како четврти. Пред возбудената француска публика во срцето на Марсеј, Неш исто така победи и во првиот круг од финалето, но тоа подоцна беше коригирано, по прегледот на снимката, затоа што стартните порти се отвориле неколку делчиња од секундата порано. На невообичаено свежата вечер за вообичаено сончевиот Марсеј, на почеток од неговата година како европска престолнина на спортот, најтоплиот град во Франција го обележа почетокот на нова ера во најбрзиот светски спорт на лизгалки докажувајќи дека патеките на мраз можат да се изградат и во топли градови.
 
„Многу го посакував тоа“, рече Неш, кој испушти гласен извик на радост откако и по вторпат победи во финалето по кратко време и во убедлив стил. Тој призна дека емоциите го совладале и дека бил решен да докаже дека заслужил да победи откако финалето мораше да биде повторено. „Сега ова е запечатено“, рече Неш, кој стана најуспешен активен тркач во спортот со седум победи во кариерата. Тој славеше на четири од последните пет трки, што го опфаќа и финишот на 2015 година.


Резултатите од трката беа разочарувачки за француските навивачи, кои во голем број се собраа на местото на настанот за да ги бодрат Тристан Дужерди и Паком Шмит, двете сјајни млади ѕвезди на спортот кои минатата година завршија како четврти и шести во генералниот пласман. Но, Дужерди и Шмит беа елиминирани во две различни битки до четвртфиналето.
 
Светла страна на настанот беше што навивачите во Марсеј беа почестени со првиот натпревар во слободен стил досега, во кој победи 18-годишниот Французин Мартин Баро. Тој е новодојденец во спортот, а исто така го освои и второто место во петокот, на првата јуниорска трка од светското првенство за лизгачи од 16 до 20 години.
 
Во сè поконкурентното женско натпреварување, минатогодишната победничка Жаклин Лижер од Канада исто така добро почна со одбрана на својата титула со убедлива победа низ патеката која се одржуваше замрзната благодарение на трите моќни ладилници во големина од цистерни. Американката Аманда Трунзо го зазеде второто место, а Сидни О`Киф, исто така од САД, беше трета.
 
Резултати мажи:

1. Камерон Неш (САД), 2. Максвел Дан (САД), 3. Скот Кроксал (Канада), 4. Марко Далаго (Австрија), 5. Гијом Буве-Морисе (Канада), 6. Ден Вити (Канада), 7. Лука Далаго (Австрија), 8. Даниел Бергесон (САД), 9. Томи Мерц (САД), 10. Џим Де Паоли (Швајцарија).
 
Резултати жени:

1. Жаклин Лижер (Канада), 2. Аманда Трунзо (САД), 3. Сидни О`Киф (САД), 4. Мирјам Трепание (Канада), 5. Илејн Тополниски (Канада), 6. Тамара Кајах (Канада), 7. Вероника Виндиш (Австрија), 8. Макси Плант (Канада), 9. Амандин Кондроје (Франција), 10. Сандрин Ранжон (Франција).
 
Табела мажи:

1. Неш 1000 поени,

2. Дан 800 поени,

3. Марко Далаго 750 поени,

4. Кроксал 600 поени,

5. Буве-Морисет 450 поени,

6. Лука Далаго 425 поени,

7. Вити 400 поени.

8. Дужерди 350 поени,

9. Де Паоли 340 поени,

10. Бергесон 320 поени.

 
Табела жени:

1. Лежере 1000 поени,

2. Трунзо 800 поени,

3. Виндиш 610 поени,

4. О`Киф 600 поени,

5. Трепание 500 поени,

6. Тополниски 450 поени,

7. Ное 420 поени,

8. Каја 400 поени
 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Останати спортови

Се самоуби тренер обвинет за силување на 15-годишно девојче во САД

Read more

Петер Превц на Планица ја заврши кариерата, од судиите доби оценка 22

Read more

И одбојкарите и одбојкарките ќе играат против Грција за пласман на ЕУРО 2026

Read more

О’Мали ја одбрани титулата во УФЦ

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе