Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Обемно долгогодишно истражување покажа дека несоницата (инсомнија) е многу опасна по здравјето и предизвикува мозочни и срцеви удари.

Резултатите исто така покажаа дека овој ризик е малку поголем кај жените отколку кај мажите.

Истражувањето што траело 30 години и биле вклучени 160.000 луѓе, утврдило дека лошиот квалитет на сонот, како и недостигот на сон имаат катастрофални последици по здравјето.

Милиони луѓе патата од несоница, а во Германија дури една третина од популацијата страда од инсомнија.

Авторот на истражувањето Ќијао Хе од Мандаринскиот универзитет во Шангај истакнува дека спиењето зазема една третина од човековиот живот и дека сонот е важен за биолошко опоравување на организмот.

Модерниот начин на живот придонесува да расте бројот на луѓе кои се жалаат од несоница.

Симптомите за инсомнија се тешкотии при заспивањето, тешкотии во одржувањето на подолг, цврст сон, како и будење среде ноќ или многу рано наутро.

Авторите на истражувањето објавено во Европскиот журнал за превентивна кардиологија ги анализирале резулаттите од обемното истражување и утврдиле поврзаност помеѓу несоницата и појавата на мозочни и срцеви удари.

Ризикот растел од 11 до 27 отсто, но не е сосема јасно што точно го предизвикува.

Претходни истражувања покажале дека инсомнијата може да го промени метаболизмот и функцијата на ендокрините жлезди, да ја зголеми симпатетичката активност на кардиоваскуларниот систем и да го зголеми срцевиот притисок.

Кај жените овој ризик е благо повисок во споредба со мажите.

Разликите не се толку значајни за да се тврди дека несоницата е поопасна за жените, туку дека жените се повеќе склони поради генетските разлики, хормоните, стресот и реагирањето на стрес.

реклама

Стигна и првата аудиоснимка од Марс: Каков звук има на Црвената планета?

Read more

Мајк Тајсон заработува милиони долари од бизнисот со канабис

Read more

Невиден масакр: 79 затвореници убиени во три еквадорски затвори, некои обезглавени

Read more

Ставајте појас во кола, токму тоа му го спаси животот на Тајгер Вудс во сообраќајката

Read more

Здравје

Четири знаци дека јадете премногу сол

Read more

Несоницата предизвикува сериозни заболувања - како да се справите на природен начин?

Read more

Кои земји сѐ уште не почнале со вакцинација?

Read more

Ризикот од хоспитализација е поголем за 64 % по зараза со британскиот сој

Read more
 

Магазин

Четири знаци дека јадете премногу сол

Читај повеќе
  • filter

Илустрирана љубов: Како изгледа кога омилената интернет двојка чека второ дете?

Читај повеќе
  • play_arrow

Колку различен е португалскиот во Португалија и во Бразил?

Читај повеќе

Мезе на денот: Похувани печурки

Читај повеќе
  • play_arrow

Нема шега со полицијата во Хонгконг

Читај повеќе

Несоницата предизвикува сериозни заболувања - како да се справите на природен начин?

Читај повеќе

Кои земји сѐ уште не почнале со вакцинација?

Читај повеќе

Идеални партнери за родените во знакот Риби

Читај повеќе
  • play_arrow

Како би изгледале денешните животни доколку би биле диносауруси?

Читај повеќе