Несопирлива „ѕверка“: Hennessey VelociRaptor е отпорен на куршуми и експлозиви
Ford го претстави новиот F-150 Raptor, но претходниот сè уште не е за „старо железо“.
Барем така мислат од компанијата Hennessey, кој го претвори Raptor во уште поголема ѕверка со зголемување на моќноста на 600 КС. Потоа „ѕверката“ го продолжи патот до компанијата AddArmor, која го заштити со материјал наречен Dyneema, кој е посилен од челикот, а благодарение на овие модификации, возилото сега може да издржи отворен оган од „калашњиков“ и експлозија на импровизирана експлозивна направа.
VelociRaptor исто така има сирени, систем за комуникација, електрифицирани рачки на вратите, скенер за бомби, поголеми сопирачки, изменета суспензија за зголемување на телесната тежина и може да се движи и со дупнати гуми. И покрај зголемувањето на тежината, забрзува од 0 до 100 км/ч за нешто повеќе од 4 секунди.
Измените чинеа околу 30.000 долари.