Скопје, 3 август 2018 (МИА) - Времето денеска ќе биде нестабилно, претежно во претпладневните часови и особено во западните и јужните делови каде ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи.
Температурите ќе се движат од 14 до 35 степени. Ув индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје ќе биде нестабилно, а температурата ќе се движи од 19 до 30 степени.
Од сабота се очекува стабилизирање на временската состојба, со постепен пораст на дневната температура.