Nestlé го произведе првиот розов KitKat

Nestlé Japan Ltd. стана првата компанија во светот која го комерцијализираше новооткриеното природно розово чоколадо преку лансирањето на розов KitKat.

Во септември минатата година, познатиот произведувач на чоколадо Barry Callebaut го произведе првото розово чоколадо, што е голема револуција во чоколадната индустрија бидејќи ова е првпат по 1930 година да биде измислен нов начин да се произведува чоколадо. Претходно постоеја само млечното, црното и белото чоколадо.

Розовиот KitKat е произведен во ограничен број и ќе почне со продажба од утре во специјализираните продажни места на Nestlé низ Јапонија и Европа, онлајн и во околу 80 други продавници низ Јапонија.

Чоколадото ќе биде рекламирано како совршен подарок за партнерот или партнерката во очекување на Денот на вљубените.

„Презадоволен сум што нашето откритие почна да се појавува на пазарот толку брзо преку партнерството со Nestlé и нивниот бренд KitKat во Јапонија“, рече Антоан де Сент-Африк, извршниот директор на Barry Callebaut.

Розовото чоколадо е природно произведено, без да му се додава вештачка боја или вкус, нема додатни адитиви и има овошен, силен вкус.

Покрај воведувањето на розово чоколадо во каталогот на компанијата, Nestlé се подготвува и да го скрати количеството на шеќер од нивните производи. Во март минатата година тие најавија дека почнувајќи од 2018 година планираат да исфрлат околу 7.500 тони шеќер од нивните производи на годишно ниво.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе