Несторовски го проследи денешниот тренинг во Букурешт
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го одржа вториот тренинг на стадионот „Арена Национала“ во Букурешт, а фудбалерите тренираат под будното око на нивниот повреден соиграч Илија Несторовски.
Иако напаѓачот на Удинезе не е во комбинација за настап, стручниот штаб одлучи дека поради задлугата која ја има за квалификувањето на ЕУРО да биде и тој вклучен во репрезентацијата. Популарниот Нестор беше асистент на голот на Пандев со кој Македонија обезбеди пласман.
„Знам дека не можам да им помогнам на моите соиграчи на теренот, но ќе ги поддржам надвор од него и им ја давам целата моја позитивна енергија“, напиша Несторовски на Instagram.
Фото: ФФМ