ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Несудениот шанкер стана неочекуван херој на Австралија

Австралиската фудбалска репрезентација избори пласман на Светското првенство 2022 во Катар откако го совлада Перу со 5:4 во интерконтиненталниот бараж во Ал Рајан по подоброто изведување пенали.

Натпреварот на „Ахмад бин Али“ стадионот во Ал Рајан во Катар заврши без голови, па со удари од белата точка беше решено прашањето за 31. патник на завршницата во Катар, а како херој се наметна австралискиот голман Ендрју Редмејн.

Тренерот Греам Арнолд го стави во игра во последните моменти од судиското продолжение поради пеналите. Влезе на местото на голманот на Реал Сосиедад, Метју Рајан, кон е прв избор во Австралија. И погоди.

„Ендрју одлично брани пенали, а направив и нешто што може да влијае психички на нив“, објасни Арнолд.

„Тие веројатно се прашуваа, зошто овој човек влегува сега, сигурно е добар“, додаде тој.

Пенал-рулетот за Австралијците почна лошо. Мартин Бојл прв шутираше, но неговиот удар го одбрани Педро Гаљесе. Во третата серија сѐ се врати на почеток бидејќи Перуанецот Луис Адвинкула ја погоди левата статива.

Одлуката падна во шестата серија. Ауер Мабил погоди за Австралијците, а потоа Редмејн го одбрани ударот на Алекс Валера за големо славје на популарните „Сокерус“.

„Јас не сум херој, само ја одиграв мојата улога како и сите вечерва“, изјави 33-годишниот голман кој на клупски план го чува голот на Сиднеј.
 

Лудориите на Редмејн сигурно им го одвлекувале вниманието на перуанските играчи. Тој танцуваше по гол-линијата мавтајќи со рацете.

„Вежбав да бранам пенали, но на крајот на денот тоа беше фрлање паричка, без разлика дали е десно или лево“, додаде Редмејн, кому ова му беше само трет настап во дресот со репрезентативните бои.

Remote video URL

На 27-годишна возраст Редмејн сериозно размислувал да се пензионира, му било доста од фудбалот, па дури и завршил курс за шанкер.

„Веќе сѐ беше наредено. Требаше да работам со пријателите во кафуле и да учам преку ден, а навечер да играм фудбал. Едноставно не верував дека сум доволно добар тогаш, тоа беше тешка фаза од мојот живот“, рече тој.

Австралија на својот шести Мундијал во низа ќе игра во Групата Д заедно со Франција, Данска и Тунис. Ина на претходниот Мундијал во Русија 2018 беа во група во Франција и Данска, а интересно, тогаш во нивната група беше и Перу, од кого тогаш загубија.

Досега најдобриот пласман „Сокерус“ го постигнаа во 2006 во Германија кога стигнаа до осминафиналето каде загибија од подоцна шампионот Италија и тоа со крајно контроверзен гол од пенал, кој го постигна Франческо Тоти.

Последниот патник на Мундијалот ќе го дознаеме вечерва кога на истиот стадион ќе се сретнат Нов Зеланд и Костарика од 20 часот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more
 

Спорт

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе