Нетанјаху: Блискиот Исток денес живее нова реалност

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху испрати нова видеопорака до народот на Иран и порача дека оската на оваа земја се урива поради верижната реакција иницирана од Израел.

Во пораката која траеше нешто повеќе од две минути, Нетанјаху рече дека иранските лидери потрошиле над 30 милијарди долари за одржување на владеењето на Башар ал Асад во Сирија.

„Сето ова беше пред неговиот режим да се претвори во прашина. Вашите угнетувачи потрошија милијарди за поддршка на Хамас во Газа. Денес нивниот режим е во урнатини. Вашите угнетувачи потрошија над 20 милијарди долари за поддршка на Хезболах во Либан. За неколку недели, повеќето лидери на Хезболах, нивните ракети и илјадници војници станаа во чад“, рече Нетанјаху.

Тој рече дека Блискиот Исток денес живее нова реалност.

„Додека иранските лидери се обидуваат да освојат други народи, да наметнат фундаменталистичка тиранија на Блискиот исток. Израел само се обидува да ја одбрани нашата земја, но на овој начин ние ја браниме цивилизацијата од варварството“, рече израелскиот премиер.

Обраќајќи им се на иранските граѓани, премиерот на Израел рече дека верува оти Израел сака мир со Иран, но и обратно.

„Сепак, вие страдате под власта на режим кој ве потчинува и ни се заканува. Знаете од што навистина се плаши овој режим? Се плаши од вас, народот на Иран. И еден ден, го знам ова, еден ден ова Ќе се промени еден ден Иран ќе биде слободен“, заклучи Бенјамин Нетанјаху.

Remote video URL
реклама

Свет

Жизел Пелико го тужи Paris Match, ја снимиле со нов партнер

Read more

CNN: Трамп е подготвен да го признае Крим како руски во мировниот план за Украина

Read more

Виктор Орбан прави сè да се спаси царините на Трамп

Read more

Лавров: Фашистите окупираат територии кои отсекогаш им припаѓале на Руската империја и на Советскиот Сојуз

Read more
 

Вести

Доларот слабее трета недела по ред

Читај повеќе

Воведена електронска услуга за добивање потврда за сопственост на моторни возила

Читај повеќе

Утре и задутре бесплатен паркинг во зоните на „Градски паркинг“

Читај повеќе

Жизел Пелико го тужи Paris Match, ја снимиле со нов партнер

Читај повеќе

CNN: Трамп е подготвен да го признае Крим како руски во мировниот план за Украина

Читај повеќе

Десничарот Јанша ослободен од сите обвиненија

Читај повеќе

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

Читај повеќе

Дали Србија се претвора во рударска колонија на ЕУ?

Читај повеќе

Со протестен марш на семејствата ќе се бара правда за настраданите во пожарот во Кочани

Читај повеќе