Нетанјаху доби покана за посета од Орбан: Дали ќе биде уапсен?

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го покани својот израелски колега Бенјамин Нетанјаху да го посети, потврдија од кабинетот на Нетанјаху.

Орбан вчера изјави дека го поканил Нетанјаху во Унгарија иако некои членки на ЕУ најавија дека ќе биде уапсен доколку стапне на нивна почва откако Меѓународниот кривичен суд (ICC) издаде налог за негово апсење поради војната во Газа.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, претходно изјави дека владите на земјите-членки на ЕУ не можат да бираат дали да ги извршат налозите за апсење издадени од ICC против двајца израелски лидери и командант на Хамас. Во четвртокот, ICC издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант и водачот на Хамас Ибрахим Ал-Масри за наводни злосторства против човештвото.

Сите земји-членки на ЕУ се потписници на основачкиот акт на ICC, т.н на Римскиот статут. Неколку земји-членки на ЕУ најавија дека ќе ги исполнат своите обврски од статутот доколку има потреба. Но, унгарскиот премиер Виктор Орбан го повика Нетанјаху да ја посети неговата земја, уверувајќи го дека нема да биде на никаков ризик ако го стори тоа.

„Државите што ја потпишаа Римската конвенција се обврзани да ја спроведат одлуката на судот. Тоа не е опционално“, рече шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, за време на посетата на Кипар, каде што присуствуваше на работилница на израелски и палестински мировни активисти.

Тој додаде дека членките кои сакаат да влезат во ЕУ ги имаат истите обврски. САД ја отфрлија одлуката на ICC, а Израел го оцени потегот на ICC како антисемитски.

„Секогаш кога некој не се согласува со политиката на израелската влада, тој е обвинет за антисемитизам“, рече Борел, чиј мандат истекува овој месец. „Имам право да ги критикувам одлуките на израелската влада, без разлика дали е тоа Нетанјаху или некој друг, без да бидам обвинет за антисемитизам. Тоа не е прифатливо. Доста е“, посочи тој.

реклама

Што му предвидува неделниот хороскоп од 16 до 22 јуни на вашиот знак?

Read more

Објавени фотографии од маскираниот убиец по кој се трага во САД

Read more

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Read more

Трет ден од воената ескалација меѓу Израел и Иран

Read more

Свет

Објавени фотографии од маскираниот убиец по кој се трага во САД

Read more

Трет ден од воената ескалација меѓу Израел и Иран

Read more

Балони на топол воздух паднаа во Турција, еден загинат, 19 повредени

Read more

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Read more
 

Вести

Колку е моќен македонскиот пасош?

Читај повеќе

Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран

Читај повеќе

Објавени фотографии од маскираниот убиец по кој се трага во САД

Читај повеќе

Дали е на повидок нова нафтена криза?

Читај повеќе
  • filter

Трет ден од воената ескалација меѓу Израел и Иран

Читај повеќе

Балони на топол воздух паднаа во Турција, еден загинат, 19 повредени

Читај повеќе

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Читај повеќе

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Читај повеќе
  • filter

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Читај повеќе