Нетанјаху: Го вративме Хамас со години наназад

МИА
/ 19.05.2021 / 09:40

Израелското бомбардирање на Газа кое трае девет дена „го врати Хамас за многу години назад“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Нетанјаху рече дека на Хамас му се нанесени „неочекувани удари“ и оти операциите „ќе траат колку што е потребно за да се врати мирот“ на сите израелски граѓани.

Вчера двајца странски земјоделски работници беа убиени со ракети истрелани од палестински милитанти во јужниот дел на Израел.

Израел ги продолжи воздушните напади врз Газа. На Западниот Брег, најмалку тројца Палестинци беа убиени од израелската полиција за време на протестите во близина на Рамала.

Меѓународните дипломатски напори да се стави крај на насилството не беа многу успешни.

Израел накратко отвори граничен премин во Газа за да дозволи минување на конвој со помош. Сепак, повторно беше затворен откако беше нападнат со палестински минофрлачи и ракети.

Во Газа досега се убиени најмалку 215 лица, вклучувајќи скоро 100 жени и деца, соопшти Министерството за здравство.

Во Израел се убиени 12 лица, вклучувајќи и две деца, соопштија израелските здравствени власти.

Израел соопшти дека меѓу убиените Палестинци има најмалку 150 борци.

реклама

Кои се најголемите опасности од гледање порно филмови?

Read more

Како точно се пресметува возраста на кучињата во човечки години?

Read more

Што е поздраво - свинска маст или масло?

Read more

Кое е вашето идеално место за секс според хороскопот?

Read more
 

Ново

Ковид бонус од 1.300 евра за работниците во германскиот јавен сектор

Читај повеќе

Ова се најдобрите Android апликации за 2021

Читај повеќе

Кои се придобивките ако јадете по четири бадеми секој ден?

Читај повеќе
  • filter

BMW го претстави концептот XM

Читај повеќе

Руски измамници продаваат уреди за „дечипирање“ од вакцината против ковид

Читај повеќе

Студија: Бебињата развиваат смисла за хумор во првиот месец од животот

Читај повеќе

Едноставно решение за оние коишто имаат недостаток на витамин Д

Читај повеќе

Левандовски му честита на Меси за Златната топка и им се заблагодари на сите

Читај повеќе

Објавени седумте финалисти за Автомобил на годината

Читај повеќе