Нетанјаху: Хамас повеќе нема да владее со палестинската енклава

Макфакс
/ 20.11.2024 / 09:50

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на посетата на Газа изјави дека Хамас нема да владее со палестинската енклава по завршувањето на војната и дека Израел ги уништил воените капацитети на исламистичката групација.

Нетанјаху, исто така, рече дека Израел не се откажал од обидот да ги лоцира оние 101 преостанати заложници за кои се верува дека сѐ уште се во енклавата и понуди награда од 5 милиони долари за враќање на секој од нив.

Тој исто така вети дека на секој што ќе му помогне на Израел да ги ослободи заложниците ќе му биде помогнато да ја напушти опколената палестинска територија.

„Секој што ќе се осмели да им наштети на нашите заложници ќе има крв на главата. Ќе ве ловиме и фатиме“, се закани Нетанјаху.

„Кој и да ни донесе заложник, ќе најде безбеден начин тој и неговото семејство да излезат“, рече тој. „Изберете си, изборот е ваш, но резултатот ќе биде ист. Сите ќе ги вратиме назад“.

Претходната понуда од ваков карактер беше отфрлена како фарса од Хамас, исламистичката милитантна група поддржана од Иран. Групата соопшти дека преостанатите заложници ќе бидат ослободени само како дел од договорот за ставање крај на војната, укинување на блокадата и обнова на Појасот Газа.

Од околу 250 луѓе киднапирани од Израел за време на масакрот на Хамас на 7 октомври 2023 година, околу 100 од нив сè уште се во Појасот Газа, иако многу од нив можеби веќе не се живи. Некои роднини на заложниците го обвинуваат Нетанјаху дека го блокирал договорот за нивно ослободување со цел да ја продолжи војната и да ја задржи својата моќ.

Коментарите беа дадени во видео клип на кој е прикажан Нетанјаху за време на неговата посета на Газа со министерот за одбрана на Израел и началникот на неговата армија, каде што беше информиран за оперативните активности.

реклама

Свет

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Read more

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Read more

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Read more

Афера го тресе Пентагон, се бара оставка од Хегсет

Read more
 

Вести

Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Читај повеќе

Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото

Читај повеќе

Тошковски доби опомена од Безбеден град – возел со 1 км/ч над дозволената брзина

Читај повеќе

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Читај повеќе

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Читај повеќе

Денеска дожд, од утре сонце

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Читај повеќе

Што сè заплени Царината изминатава недела?

Читај повеќе