Netflix даде зелено светло: Emily in Paris ќе има петта сезона

Netflix ја обнови хит серијата Emily in Paris за петта сезона.

Стриминг гигантот ја сподели веста преку објава на Instagram во која се гледа како ѕвездата на серијата Лили Колинс пие кафе од шолја на која пишува Emily in Paris, а на дното се гледа бројот 5, па вели: „Еден е Рим“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Netflix US (@netflix)

Првиот дел од четвртата сезона на Emily in Paris пристигна на 15 август годинава, а вториот излезе на 12 септември.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Текстот понатаму содржи спојлери! Доколку сè уште не сакате да ги знаете деталите од новата сезона на Emily in Paris, не читајте понатаму.

Во новата сезона, Емили привремено го напушти Париз и ја посети Италија за нова деловна можност. За време на божиќните празници, на скијање на Алпите, младата Американка го запознава италијанскиот бизнисмен Марчело Муратори (Еугенио Франческини). Иако конечно има шанса да биде со Габриел (Лукас Браво), бившиот партнер на нејзината пријателка Камиј (Камиј Разат), шармантниот Италијанец полека го освојува нејзиното срце.

Покрај потенцијалната врска со Марчело, чие семејство се занимава со производство на кашмир, Емили се воздржува и поради работните обврски во Италија бидејќи нејзината шефица Силви (Филипин Лерој-Болие) сака да започне да работи со семејството Муратори.

Во четвртата сезона имавме можност да ја запознаеме и Женевјев (Талија Бесон), 21-годишната ќерка на сопругот на Силви, која од Њујорк доаѓа во Европа затоа што сака да се занимава со мода. Покрај тоа што флертува со Габриел, Женевјев се обидува и да ѝ ја узурпира позицијата на Емили во компанијата.

Во актерската екипа на серијата се и Ешли Парк, Лисјен Лависконт, Семјуел Арнолд, Бруно Гуери и Вилијам Абади.

Четвртата сезона беше хит

Според Variety, четвртата сезона на серијата Emily in Paris брзо стана број еден на листата на најгледани серии на Netflix, а исто така собра 19,9 милиони прегледи во првите четири дена од објавувањето.

Романтично-хумористичната серија веќе четири недели е на врвот на топ листите.

Креатор на Emily in Paris е Дарен Стар (Sex and the City), а серијата е продуцирана од MTV Entertainment Studios, Darren Star Productions и Jax Media.

Remote video URL
Тагови
реклама

Еден тип на кафе е најдобар за долговечност, многумина го пијат секојдневно

Read more

Околу 14.000 македонски граѓани останаа без денар вложувајќи пари преку Conti

Read more

Се продава најстариот фудбалски клуб во Италија

Read more

Три вообичаени грешки кои значително ги расипуваат интимните односи: Каде е проблемот?

Read more

Филм & ТВ

Киану Ривс – професионален автомобилист

Read more

Никол Кидман е ѕвездата на нов еротски трилер

Read more

Докторот обвинет за смртта на Метју Пери се изјасни за виновен за нелегална дистрибуција на кетамин

Read more

Анџелина Џоли по 8 години повторно е во врска

Read more
 

Сцена

Киану Ривс – професионален автомобилист

Читај повеќе
  • play_arrow

5 октомври 2007, последниот концерт на Тоше

Читај повеќе
  • play_arrow

Никол Кидман е ѕвездата на нов еротски трилер

Читај повеќе

Докторот обвинет за смртта на Метју Пери се изјасни за виновен за нелегална дистрибуција на кетамин

Читај повеќе
  • filter

Анџелина Џоли по 8 години повторно е во врска

Читај повеќе

Денеска аудиција за статисти во новиот филм на Ѓорче Ставрески

Читај повеќе

Серијата за Хари Потер ќе излезе во 2026, познати се веќе дел од актерите

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Излезе трејлер за новиот психолошки трилер со Кејт Бланшет

Читај повеќе