Филм & ТВ

Netflix го објави последниот трејлер за новата сезона на „Stranger Things“

21. јуни 2019 - 10:53 | К.З.

Во последните неколку години Netflix произведува хит до хит, секој од нив повеќе гледан од претходниот, а серијата „Stranger Things“ е без сомнение една од најпопуларните ТВ содржини кои се појавиле во последната деценија.

Добро познатото друштво од малото гратче Хокинс во Индијана се враќа на малите екрани во третата сезона на серијата „Stranger Things“. Овојпат, работите само изгледаат опасно од самиот почеток, а дружината наидува на нов и неочекуван непријател.

Новиот трејлер за третата сезона на „Stranger Things“ носи многу неизвесност и возбуда, кои со сигурност ќе ве направат нетрпеливи за премиерата, која е закажана за 4 јули.

Коментирај