Netflix го објави првиот трејлер за продолжението на Луди 70-ти

После 16 години популарната серија го добива долгоочекуваното продолжение.

Компанијата Netflix на својот YouTube канал го објави првиот трејлер за серијата „That '90s Show“, која е директно продолжение на популарната „That '70s Show“, кај нас позната како „Луди 70-ти“, која се прикажуваше од 1998 до 2006 година.

Првиот трејлер нѐ враќа во Поинт Плејс, а приказната на серијата ќе ги прати Леа, ќерка на Ерик и Дона, која летото ќе го минува кај баба ѝ Кити и дедо ѝ Ред, каде ќе запознае ново друштво и своето слободно време ќе го поминува во добро познатиот подрум.

Всушност, иако во трејлерот можеме да ги видиме Тофер Грејс (Ерик), Лора Препон (Дона), Ештон Качер (Келсо), Мила Кунис (Џеки) и Вилмер Валдерама (Фез) - старите глумци од оригиналната серија се враќаат само како гости, а приказната ја прати Леа и нејзиното друштво под будното око (и нозе) на дедо Ред. Единствени кои остануваат во главна улога се Кртвуд Смит (Ред) и Дебра Џо Рап (Кити).

За жал, помеѓу старите глумци нема да можеме да го гледаме и Стивен Хајд, бидејќи актерот Дени Мастерсон се соочува во тужба за силување на три девојки помеѓу 2001 и 2003 година, односно додека серијата „That '70s Show“ сѐ уште се емитуваше.

Серијата „That '90s Show“ премиерно ќе биде прикажана на најпопуларната стриминг платформа на 19 јануари 2023, а гледачите ќе имаат можност низ 10 епизоди да ја запознаат новата генерација и да ги проследат нивните авантури.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе