Netflix го објави трејлерот за новиот документарец „The Social Dilemma“
Документарецот под назив „The Social Dilemma“ истражува како сопствениците на платформите на социјалните мрежи, водени од желбата за профит, манипулираат со корисниците.
Според трејлерот, нè очекува возбудлива приказна за тоа како социјалните мрежи ги користат алгоритмите за да ги дознаат потребите и желбите на корисниците. Овие информации и натаму се користат за зајакнување на теориите на заговор, но имаат и големо влијание врз менталното здравје на тинејџерите.
„The Social Dilemma“ ќе биде достапен на Netflix од 9 септември.