Netflix го објави трејлерот за „Secrets of the Saqqara Tomb“
Медиумскиот магнат го пушти во етер трејлерот за документарецот кој ги открива тајните на древниот Египет.
Документарецот го следи тимот на локални археолози кои вршат ископувања на места кои никогаш претходно не биле истражувани откривајќи трајни премини, простории и гробници.
Едно по едно како сложувалка се редат откритијата кои ќе ги дадат најзначајните откритија во последните 50 години склопувајќи ги тајните на Египет.