Netflix ја избриша сцената со самоубиството во серијата „13 Reasons Why“

Контроверзната сцена во драмата на Netflix „13 Reasons Why“ во која тинејџерка се самоубива, е отстранета и не се емитува во верзијата достапна сега на стриминг платформата, две години по објавувањето.

Од Netflix велат дека одлуката да се отстрани сцената била донесена „по консултација со медицински експерти“.

Во првичната верзија на епизодата имаше јасен и недвосмилен приказ на самоубиството на Хана (ликот што го игра Кетрин Ленгфорд).

Во верзијата што се емитува сега е отстранета триминутната сцена и се прикажува директно сцената во кое се открива нејзиното тело.

Советувалиштето Samaritans соопшти дека ја поздравува одлуката на Netflix и дека соработува со тимот на стриминг платформата за „давање совети за безбедно прикажување на сцени со самоубиство“.

„Иако опфаќањето на тешки теми во драмските серии може да помогне во насока на тоа луѓето да побараат помош, многу е важно тоа да се направи на одговорен начин“, рече Лорна Фрејзер од Samaritans.

Од Netflix велат дека „будно ја следат дебатата во врска со серијата“, чија трета сезона треба да излезе годинава.

Кога се појави во 2017 година, серијата „13 Reasons Why“ доби пофалби за кревање на свеста за теми како силување, малтретирање, врсничко насилство и самоповредување.

Меѓутоа, се појави загриженост дека исто така го глорифицира самоубиството и дека непотребно детално било прикажано самоубиството на Хана.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Филм & ТВ

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more
 

Сцена

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе