Долго чекавме Netflix да ја добие функцијата што ја имаат многу апликации - и тој ден конечно дојде.
Досега не можеше да се прават слики од екранот (screenshot) додека се гледа Netflix, но тоа се промени. Според компанијата, корисниците ќе можат да креираат и споделуваат слики од екранот.
Новата функција се вика Netflix Moments и е претставена на корисниците со оперативниот систем iOS (односно, корисниците на iPhone).
На корисниците им е овозможено да го паузираат филмот или серијата што ги гледаат, потоа да го зачуваат на својот профил она што штотуку го гледале, а потоа да го споделат со пријателите преку социјалните мрежи, апликациите за пораки итн.
Корисниците ќе можат да видат се што е зачувано во делот My Netflix, а во следните неколку недели оваа функција ќе дојде и кај телефоните со Android.