Netflix најави документарец за американскиот рапер Биги Смолс

Netflix со трејлер го најави излегувањето на документарниот филм во кој главен фокус ќе бидат животот и кариерата на американскиот рапер Ноториус Би-ај-џи, познат како Биги Смолс.

Филмот „Biggie: I Got a Story to Tell“ ќе ја одбележи 24-годишнината од смртта на познатиот рапер кој наместо со вистинското име Кристофер Валас ќе биде запаметен како Ноториус Би-ај-џи.

Прикажувањето на Netflix платформата е закажано за 1 март. Според тоа што е наведено, дејството се одвива околу животот на Биги пред кариерата како рапер и неговиот подем во музичката индустрија.

Remote video URL

„Секоја легенда има свое потекло“, стои во описот на најавата, а во филмот ќе видиме многу познати лица од рап музиката и времето во кое живееше Биги.

„Кристофер Валас или Ноториус Би-ај-џи и понатаму една од хип-хоп иконите, остана препознатлив по автобиографските текстови. Овој документарец го слави неговиот живот и наследството што го остави низ ретки снимки зад сцената и сведоштва на бројни пријатели и роднини“, наведоа од Netflix.

Биги беше убиен во 1997 година во Лос Анџелес, откако присуствуваше на промоција на албумот „Life After Death“. На пат кон хотелот беше пукано во него и тој почина на 24-годишна возраст.

Remote video URL
реклама

Музика

Фестивалот EXIT годинава ќе се одржи во јули

Read more

Чао корона од Мик Џегер

Read more

Видео снимка од Мараја Кери додека се вакцинира стана хит на интернет

Read more

Слушнете ја „You All Over Me“, новата песна на Тејлор Свифт

Read more
 

Сцена

Емилија Кларк ќе глуми во серијата „Secret Invasion“

Читај повеќе

Првиот изведувач на „Здраво Млади 11“ е шведскиот панк бенд „Viagra Boys“

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 филмски парови кои се различни видови

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави трејлер за СФ трилерот „Oxygen“

Читај повеќе

Популарната „How I Met Your Mother“ добива продолжение

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за „Кујната на Марио“

Читај повеќе

Џејн Фонда проговори за својот „најпотресителен“ бакнеж во животот

Читај повеќе

Amazon ја снима најскапата серија во историјата на телевизијата

Читај повеќе

Мартин Скорсезе снима нов филм

Читај повеќе