Netflix објави трејлер за новата италијанска серија Odio Il Natale
Секој Божик е истата приказна: Зошто си сама? Одлучна да ги избегне незгодните прашања на нејзините, 24 дена пред католички Божик, Џана им кажува дека има момче кое ќе го донесе кај нив за традиционалната божикна вечера. Така, Џана има уште 24 дена за да си најде дечко.
Серијата е романтична комедија од одличната и веќе докажана италијанска продукција. Иако Netflix ја објавува под англиски наслов, серијата е на италијански јазик, а оригиналниот наслов е „Odio Il Natale“ (Го мразам Божик).
Во главната улога е Пилар Фољати.
Достапна на платформата ќе биде од 7 декември, а во Италија и на Sky Q.