Netflix објави трејлер за втората сезона на „Emily in Paris“
Netflix објави трејлер за втората сезона на популарната серија „Emily in Paris“, во која Емили Купер (Лили Колинс) ќе се втурне во нови драматични и возбудливи авантури.
Ние не бевме многу одушевени од првата сезона (Зошто зажалив што ја изгледав цела сезона на „Emily in Paris“?), но можеби креаторите на серијата сепак ќе успеат да ја спасат Емили.
Новата сезона ќе се стримува на Netflix на 22 декември.