Netflix откри како требаше да изгледаат чудовиштата од „Bird Box“

Откако започна оваа година, главна тема на разговор во филмскиот свет е новиот хорор на Netflix наречен „Bird Box“. Во него, главните ликови носат превез преку очите за да не ги гледаат чудовиштата кои ги наведуваат на самоубиство, но гледачот не добива шанса една шанса да ги види тие чудовишта.

Сега, откако Netflix откри како истите требало да изгледаат, можеби е и подобро што никогаш не се појавија во филмот.

Главниот лик во филмот го толкува Сандра Булок, а таа вели дека наместо да биде уплашена, дизајнот на чудовиштата ја довел до смеа. Таа дури ги опиша чудовиштата како „долги, дебели бебиња“. Режисерката Сузан Биер изјави дека откако ја видела реакцијата на актерите, решила целосно да ги исфрли монструмите од филмот.

„Многу брзо станува смешно. Всушност снимивме неколку сцени и подолго време планиравме да ги оставиме во филмот, но секојпат кога ќе ги погледнев се премислував“, вели Сузан Биер.

Студиото SFX Atlas стои зад дизајнот на чудовиштата. Претставници на ова студио рекоа дека им е жал што нивните нацрти и целата напорна работа биле за џабе, но сепак решија да ѝ покажат на јавноста како изгледаат чудовиштата од „Bird Box“.

Netflix исто така објави дека во првата недела од прикажувањето „Bird Box“ го гледале преку 45 милиони луѓе, но според мерењето на статистичката компанија Nielsen бројката е значително помала – околу 30 милиони луѓе.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Филм & ТВ

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Read more

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Read more

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Read more

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе