Netflix работи на корејска верзија на сопствената франшиза „Money Heist“(La Casa de Papel). Продукцијата ќе биде соработка помеѓу BH Entertainment и Contents Zuim.
Корејската адаптација на „Моney Heist“ ќе ја режира Ким Хонг-Сун. Првата сезона ќе има 12 епизоди, а не се познати уште детали за почетокот на снимањето и емитувањето.
„Корејските креатори со години наназад го развиваат сопствениот јазик и аудиовизуелната култура“, вели Алекс Пина, креатор и продуцент на „La Casa de Papel“. Тој вели дека овој проект е одличен и е воодушевен од тоа што оваа серија ја обожаваат гледачите ширум светот.
Инаку, во тек е снимањето на петтата и последна сезона. Според информациите од Netflix, четвртата сезона ја следеле над 65 милиони гледачи во првите четири недели од емитувањето.