Netflx ќе ги освојува и гејмерите

Стриминг платформата Netflx планира да инвестира повеќе во видеоигри бидејќи очекува послаб раст на бројот на претплатници на услугата за стриминг поради конкуренцијата и укинувањето на пандемиските ограничувања.

Netflx бележи многу побавен раст во бројот на нови претплатници по врвот во 2020 година, што беше поттикнато од мерките за затворање и ограничувањата на движењето наметнати од владите за спречување пандемијата со COVID-19.

Компанијата соопшти дека почна со проширување на својата понуда со видеоигри, кои ќе им бидат достапни на претплатниците без дополнителни трошоци и првично ќе се фокусираат првенствено на игри за мобилните уреди.

URL

„Оценуваме дека игрите се нова содржина, слична на нашето проширување со оригинални филмови, анимации и телевизиски емисии без сценарија“, се наведува во соопштението на Netflx.

Компанијата соопшти и дека во вториот квартл од годината привлекла 1,54 милиони нови претплатници и сега има вкупно 209 милиони. Во истиот период минатата година, на почетокот на пандемијата, тие забележаа 10,1 милиони нови претплатници.

URL

Во периодот од јули до септември, тие очекуваат нови 3,5 милиони претплатници. Приходите на Netflx се зголемија за 19 проценти во вториот квартал, на 7,3 милијарди долари. Нето добивката скоро двојно се зголеми на 1,35 милијарди долари.

Пандемијата оваа година негативно се одрази врз производството на ТВ-продукцијата на Netflx, со што се стесни изборот на нови наслови. Компанијата најави подобрување во втората половина на годината.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе