Netlix ја најави втората сезона на реалното шоу Squid Game

На крајот на ноември на Netflix излезе првата сезона од долгоочекуваното реално шоу Squid Game: The Challenge, базирано на корејската серија Squid Game, која постигна глобален успех.

Иако многумина со нетрпение го чекаа шоуто, на бројни гледачи не им се допадна, па реалното шоу наиде на многу критики. Има оцена 5,3 од 10 на IMDb.

Гледачите го критикуваат Netflix

Но, и покрај критиките, Netflix одлучи да го обнови шоуто за втора сезона. Пред објавувањето на последната епизода од шоуто, Netflix објави на социјалните мрежи дека доаѓа нова сезона и ги покани луѓето да се пријават доколку сакаат да учествуваат. Може да аплицираат луѓе од целиот свет.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Netflix US (@netflix)

„Внимание играчи, дали сте подготвени за следниот натпревар? Squid Game: The Challenge се враќа за втора сезона. Пријавете се“, напишаа тие. Под објавата имаше многу коментари.

„А да одобрите нова сезона на Shadow and Bone?“, „Никој не го побара ова“, „Не можам да верувам дека на оваа и давате нова сезона, а ја откажавте Shadow and Bone. Средете се“, „Што е со оригиналната Squid Game?“, „Ја чекаме втората сезона од серијата, а не на реланото шоу“, се дел од коментарите.

Награда од 4,56 милиони долари

Потсетуваме дека во првата сезона на реалното шоу 456 натпреварувачи се бореа за награда од 4,56 милиони долари. Идејата на ова шоу беше да се трансформира хит серијата во реалност, во која вистинските натпреварувачи се борат за парична награда.

Remote video URL

Спенсер Хокингс, кој се натпреваруваше како број 299, привлече внимание во втората епизода од серијата, а по емитувањето на шоуто се огласи и на социјалните мрежи.

Многу гледачи коментираа колку Спенсер беше смешен за време на играта Dalgona Cookie, а тој одговори дека од нив се бара „да се преправаат дека се натпреваруваат“.

„Само една четвртина од собата се натпреваруваше во тој момент. Од другите беше побарано да се преправаат дека се натпреваруваат и само да мрдаат со прстите како да прават колаче. Направив лоша работа што се преправав дека правам колаче и ги гледав другите како се натпреваруваат. Тоа се случува во оваа сцена“, рече тој за клипот, кој беше широко споделен на TikTok. Спенсер на крајот го избриша тоа видео.

реклама

Најточниот хороскоп за март: Кој знак сте во Словенскиот зодијак?

Read more

Карлсон: Американски шпиони ме следеа низ Москва, се сретнав и со Сноуден

Read more

Балканот е во мапата за „Руски свет“

Read more

Кога предозирањето со витамин Д може да биде фатално?

Read more

Филм & ТВ

Излезе трејлер за филмот со жешката секс сцена на Елизабет Харли во режија на син ѝ

Read more

Вака се прави тизер за хорор!

Read more

Ен Хатавеј и Џејк Гиленхал ќе играат во втората сезона на популарната Netflix серија Beef

Read more

Продолжува серијалот филмови за Бриџит Џонс - наскоро ќе се снима четвртиот дел

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Излезе трејлер за филмот со жешката секс сцена на Елизабет Харли во режија на син ѝ

Читај повеќе
  • play_arrow

Вака се прави тизер за хорор!

Читај повеќе
  • play_arrow

Ен Хатавеј и Џејк Гиленхал ќе играат во втората сезона на популарната Netflix серија Beef

Читај повеќе
  • play_arrow

Продолжува серијалот филмови за Бриџит Џонс - наскоро ќе се снима четвртиот дел

Читај повеќе

ДНК собраа 690.000 денари за лекувањето на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Читај повеќе
  • play_arrow

Кога глумците не глумеа

Читај повеќе
  • play_arrow

За новиот документарец на Netflix велат дека е еден од најморничавите

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најнеочекувани враќања на филмски ликови

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе