Неуспешни итните разговори на ЕУ и Обединетото Кралство во Лондон

Европската Унија побара од Обединетото Кралство да се откаже од предлог-законот за поништување на резултатите од четиригодишните разговори за Брегзит, но британската Влада на премиерот Борис Џонсон не го прифати тоа барање.

Европската комисија соопшти дека започнува подготовки за нерегулирано излегување на Обединетото Кралство од ЕУ, оценувајќи дека Лондон „крајно сериозно ќе го прекрши“ минатогодишниот договор доколку го усвои предложениот владин закон.

По итните разговори меѓу потпретседателот на Комисијата, Марош Шефковиќ и британскиот преговарач за Брегзит, Мајкл Гоув, вчера во Лондон, ЕУ соопшти дека британскиот нацрт-закон „сериозно ја нарушува довербата“ и дека Лондон сега мора да преземе чекори за нејзино враќање.

Гоув рече дека го отфрлил барањето на ЕУ за повлекување на нацрт-законот.

– Му реков на потпретседателот Шефковиќ дека не можеме и нема да го направиме тоа, рече Гоув.

Официјални претставници на ЕУ и дипломати велат дека Унијата ќе преземе правни активности против Лондон, но, како што пренесуваат британските медиуми, тоа веројатно нема да биде преземено пред крајот на годината, кога истекува рокот за целосно излегување на Обединетото Кралство од Унијата по преодниот период.

Британската Влада соопшти дека е посветена на договорот со ЕУ и дека целта на предложениот закон е само да разјасни некои нејаснотии. Неговата главна цел е да го зачува Мировниот договор во Северна Ирска од 1998 година, со кој се стави крај на децениското насилство.

Лидерите на ЕУ порачаа дека нерегулираното прекинување на односите со Обединетото Кралство ќе предизвика хаос во снабдувањето во Европа и на глобалните финансиски пазари.

Главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, кој имаше одделни разговори со Шефковиќ во Лондон, го критикуваше пристапот на Обединетото Кралство кон преговорите и посочи дека сè уште има големи разлики.

– Обединетото Кралство не се ангажираше на ист начин врз основа на принципите и интересите на ЕУ, рече Барние.

Тој додаде дека ЕУ работи напорно да биде подготвена за сите сценарија на 1 јануари 2021 година, кога истекува рокот за конечно излегување на Обединетото Кралство, вклучувајќи го и оној за постигнување решение без договор.

Без трговски договор, ќе биде доведена во прашање размената меѓу Обединетото Кралство и другите земји на ЕУ, која изнесува илјадници милијарди долари, во услови на криза што ја предизвика пандемијата на коронавирусот.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Свет

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Read more
 

Вести

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе