Невакцинираните тенисери ќе може да играат на АО, дали Ноле ќе учествува?

Пристигнуваат изненадувачки вести од Австралија Опен три месеци пред почетокот на турнирот.

ВТА со писмо ги информираше играчите за условите под кои ќе можат да дојдат на Австралија Oпен 2022, објави новинарот Бен Ротенберг.
Во писмото се вели дека сите играчи мора да приложат негативен тест за коронавирус најмногу 72 часа пред поаѓање во Австралија, а потоа уште еден во рок од 24 часа по пристигнувањето.
Целосно вакцинираните играчи после тоа не подлежат на никакви ограничувања. Од играчите кои нема да бидат вакцинирани ќе се бара да поминат двонеделен карантин во хотелот, а потоа редовно да се тестираат. Не е наведено дали ќе можат да тренираат додека се во изолација.

Сепак, се остава можност, во зависност од актуелната ситуација со пандемијата, овие услови да можат да се променат. Останува прашањето дали и тенисерите ќе имаат ист статус како што се претпоставува.

Последните недели се разговараше дали Новак Ѓоковиќ ќе дојде во Мелбурн да ја брани титулата. Тој не сакаше јавно да каже дали е вакциниран.

„Јас го заземам ставот што го заземам и отсекогаш исто сум размислувал. Не сакам да го откријам мојот статус дали се вакцинирав или не. Тоа е приватна работа и според нашиот закон, кој и да ве праша, можете да го гоните бидејќи ве прашал. Тоа е неумерено прашање. Премногу луѓе денес си дозволуваат таква слобода да прашуваат работи и да осудуваат. Што и да одговорите: ‘Да, не, мжеби, не знам, размислувам’, ќе го злоупотребат тоа“, рече Ноле, меѓу другото.

Читајте наредно: Ѓоковиќ: Нема да откријам дали сум вакциниран или не

Останува да се види реакцијата на АТП, но извесно е и логично дека и тенисерите ќе можат да учествуваат.

Австралија Опен се игра од 17 до 30 јануари 2022 година.

URL
реклама

Кои се најголемите опасности од гледање порно филмови?

Read more

Како точно се пресметува возраста на кучињата во човечки години?

Read more

Кое е вашето идеално место за секс според хороскопот?

Read more

Што е поздраво - свинска маст или масло?

Read more

Тенис

Медведев: Ѓоковиќ треба да чести вечера

Read more

Таткото на Ѓоковиќ: Новак по овие уцени најверојатно нема да игра на Австралија Опен

Read more

Тајли: Новак не би сакал да ризикува да не игра на АО

Read more

Виландер: Веќе не му се плашат на Ѓоковиќ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Меси: Левандовски ја заслужи Златната топка во 2020

Читај повеќе

Кошаркарите водеа на полувреме, па загубија од Украина

Читај повеќе

Нејмар два месеца во аут поради повредата на зглобот

Читај повеќе

Направена жрепката за Светското клупско првенство на ФИФА

Читај повеќе

Најдобриот голман во светот не е прв избор ни во својот клуб

Читај повеќе

Вечерва се доделува Златната топка: Кој ќе ја освои?

Читај повеќе

Јунајтед го назначи Рангник за привремен тренер

Читај повеќе

Медведев: Ѓоковиќ треба да чести вечера

Читај повеќе
  • play_arrow

Варварска ММА борба: Удирал онесвестен противник, навивачите згрозени

Читај повеќе