Неверојатен портрет од 3 милиони рачно нацртани точки
Сигурно ќе останете импресионирани откако ќе го изгледате ова видео, во кое Дејвид Бајо се снима себеси додека го создава овој портрет составен од 3 милиони точки, секоја од нив рачно нацртана.
За целиот процес на Бајо му беа потребни 300 часа работа, што самото по себе е импресивно, бидејќи повеќето од нас не можеме да најдеме време ниту да си го наместиме креветот наутро.
Техниката со која тој црта потсетува на начинот на кој инкџет принтер создава слики, освен тоа што обично ваквите принтери прават точки премногу мали за да се видат со голо око и можат да го „нацртаат“ истиот овој портрет за нешто помалку од минута.